Зелената комета снимена во Хрватска, последен пат видена во ерата на неандерталците: Зошто е оваа боја?

Кометата C/2022 E3 (ZTF) која има зелена боја веќе неколку дена лебди на нашето небо, а деновиве беше најблиску до Земјата и моментално е оддалечена од нас само 42 милиони километри.

Како што соопшти Хрватскиот астрономски сојуз, ова е момент кој не е забележан на Земјата цели 50.000 години.

Оваа комета синоќа можеше да се види на небото на Хрватска, а со оглед на нејзиното последно појавување во ерата на Неарденталците, го доби името „Комета на Неарденталците“.

Како и другите комети, C/2022 E3 (ZTF) има светло зелена боја која, за жал, може да се види само со посилна леќа или телескоп. Ова небесно тело е всушност космичка снежна топка, односно се состои од мраз и прашина. Како што се приближува до Сонцето, мразот испарува поради топлината и создава атмосфера околу кометата.

Овој настан фасцинираше многу жители во Хрватска, а Хрватското астрономско здружение сними фантастично видео од изгледот на кометата.


„Може да се види и од урбани средини со помош на помали двогледи, а преку двоглед ќе можете да го видите како бледа матна точка, магла во облик на тркалезна боја“, потврдија од Хрватскиот астрономски сојуз.


Фото: Фејсбук