Жената го диктира (не)расположението: Мажи. што мислите?

Мажи, има ли вистина во ова? Факт е дека жените имаат големо влијание врз мажите, но, дали знаевте дека расположението на припадникот на посилниот пол зависи од тоа како се чувствува неговата партнерка? 

Можеби ова ви звучи чудно, но норвешки експерти направиле истражување врз основа на кое дошле до тој заклучок. Тимот научници во студијата вклучил 2000 парови, кои одговарале на прашања на тема како го поминуваат заедничкото време и од што зависи неговиот квалитет и комотност. 

Врз основа на одговорот на мажите, истражувачи утврдиле дека тие се угледуваат на партнерките, па доколку тие после работа дошле нервозни и незаинтересирани за нив, тие несвесно им „возвратиле“ со истото расположение. 

И обратно-ако во текот на состанокот биле топли, насмеани, и зборлести, и тие биле такви. Од друга страна, женските одговори не покажале никаква причинско-последична врска.