Зимски пневматици на 24 рати во партнерската мрежа на ИутеКредит
Снегот и голомразицата често ги отежнуваат зимските патувања и можат да создадат непријатности при возењето. Со навремена припрема на автомобилот и почитување на законската обрска за зимска опрема се олеснува возењето во зимски услови.
Обрската за задолжително носење на зимска опрема во возилата започнува утре (15.11.2019) и важи се до 15ти Март следната година. Во овој период возачите на автомобили, џипови и лесни камиони задолжително мора да носат зимски гуми и синџири за снег.
ШТО Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА?
Во зависност од возилото, пропишаната зимска опрема која треба да ја поседува возачот се разликува.
Најголем број од автомобилите се со тежина до 3500 кг и за овој тип на моторни возила од зимска опрема потребно е:
-Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм. или
-Пневматици со летен профил со минимална длабочина на шарите од 4 мм и синџири за снег
За моторни возила со погон на четри тркала (4х4), како и за возила со моторна маса која надминува 3500 килограми, пропишани се други правила за поседување на зимска опрема.
КАДЕ МОЖЕ ДА КУПИТЕ ЗИМСКИ ПНЕВМАТИЦИ НА РАТИ?
Зимските пневматици се оние кои на бочната страна имаат ознака „MS“, „M+S”, „М&S“и знак на снегулка на стилизирана планина со три врвови.
Во партнерската мрежа на ИутеКредит има голем избор на зимски пневматици од различни светски познати брендови, како Michelin,Continental, Sava, Dunlop, Good Year и многу други, а плаќањето може да се направи на рати до 24 масеци. Аплицирањето е само со лична карта за износ од 3000 до 120 000 денари директно во продажните салони, а одобрувањето само за неколку минути