Ѕирнете во луксузниот свет на Чендлер од „Пријатели“

Заземајќи го целиот четириесетти спрат во луксузниот Century кулата во Лос Анџелес, овој стан има површина од скоро 1000 квадратни, при што ќе ви предизвика вртоглавица со погледите од секој правец, со своите четири тераси.

Актерот кој посебно се прослави во серијата „Пријатели, Метју Пери, го купи овој стан пред три години, по цена од 20 милиони долари. Тој веднаш го ангажираше тамошниот архитект, Скот Џојс и дизајнерката за ентериер ЛМ Пагано, која ги правеше становите за Џони Деп и Николас Кејџ, за да го претвори во сопствен простор.

Станот поседува четири оргомни соби, дневна соба која може да ја игра улогата на конференциски центар, како и приватно кино во вистински холивудски стил. Еден од бројните акценти на овој стан е пространиот мастер апартман со бескрајни ѕидови од стакло , одобно катче покрај камин, негов и нејзин тоалет, гигантски гардеробери.

Додајте ја на ова грандиозната дневна соба, со прозори од подот до плафонот низ кој е овозможен неверојатен поглед на градот, океанот и планината Санта Моника. Доколку успеете да ги одвоите очите од погледот, ќе забележете дека во овој простор се наоѓаат маса за билијард и камин.

Што се однесува до терасите, најголемата се наоѓа кај дневната соба и нуди доволно место за голема маса, додека останатите три се распоредени во кујната, работната соба и главната спална соба.

Освен Метју во оваа зграда престојуваат многу други познати личности како Ријана, Шерил Кол и Пола Абдул, а сите тие имаат можност да уживаат во приватните градини, баженот, винските подруми и сл.

Извор: luxlife.rs