ЅИРНЕТЕ ВО ПРВИОТ ТУРСКИ АВТОМОБИЛ: Претставен на саемот CES 2022 во Лас Вегас

Концептот на првиот автохтон турски автомобил Togg беше лансиран за да се создаде глобален бренд чија интелектуална и индустриска сопственост е 100 проценти турска.

Првиот турски автомобил Togg беше изложен на најголемиот светски саем за потрошувачка електроника CES 2022 во Лас Вегас во Соединетите држави, јави новинската агенција Анадолија.

Во соопштението од менаџментот на турската компанија се вели дека концептот на првиот турски автохтон автомобил во Турција е лансиран со цел да се создаде глобален бренд чија интелектуална и индустриска сопственост е 100 отсто во сопственост на Турција и која го формира јадрото на турскиот екосистем за мобилност.

Извршниот директор на турскиот производител Гурџан Каракас во таа прилика изјави дека тие не се класична автомобилска компанија.


"Ние се дефинираме како технолошка компанија. Затоа сме на CES, место за состаноци за иновации и технолошки пионери. Ние сме технолошка компанија која работи на полето на мобилноста, основана во географска област каде што се среќаваат Истокот и Западот, разумот и емоции. Во новиот свет, каде што автомобилската индустрија брзо се трансформира во екосистем за мобилност, ние создаваме решенија за мобилност, ставајќи ги корисниците и податоците во срцето на нашиот бизнис“, рече Каракас.

Саемот за потрошувачка електроника CES 2022 се одржува од 5 до 7 јануари во Лас Вегас.

Oд Тог претходно најавија дека ќе започнат со тест производство на автомобилот на крајот на јули 2022 година.

Компанијата има за цел да произведе електрични компактни теренци до крајот на 2022 година како дел од масовното производство на возила. По завршувањето на тестовите за хомологација, првиот SUV во сегментот C ќе биде лансиран на пазарот во првиот квартал од 2023 година.

На 27 декември 2019 година во долината на технологијата Гебзе во Турција се одржа церемонијата „Патот до иновациите“, на која беше претставен прототипот на првиот турски автомобил, уште еден од низата технолошки и индустриски достигнувања на Турција во изминатите две децении.

Во октомври 2021 година, раководството на Тог објави дека се извршени сите аеродинамички и аероакустични тестови на болидот.


Foto: TOGG promo