Жителите на Нов Зеланд отидоа на ридовите откако силните земјотреси предизвикаа цунами
Мали цунами предизвикани од серија силни земјотреси го погодија источниот брег на северниот остров на Нов Зеланд, а властите соопштија дека илјадници жители кои се евакуирани на повисоки места сега можат да се вратат во своите домови.
Официјалните лица предупредија дека брановите може да достигнат 3 метри над плимата по земјотресот - од кои најсилниот беше со јачина од 8,1 степени, но најголемите бранови сега поминаа, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби (НЕМА), намалувајќи го нивото прогласено за закани.
„Сите луѓе кои се евакуирани сега можат да се вратат“, соопшти агенцијата.
Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како морските налети влегуваат во марината во Нортленд и регионот на Источен Кејп на Северниот остров.
Претходно, работниците, студентите и жителите во областите како Нордледн и Заливот на Плен, на северниот брег во близина на Окланд, беа предупредени откако три земјотреси за помалку од осум часа предизвикаа сирени и предупредувања за цунами.
„Ние сме безбедни“
Издадено е итно предупредување за сите крајбрежни области околу Окланд, град со 1,7 милиони жители, каде што на луѓето им беше кажано да се држат настрана од океанскиот брег. Нема извештаи за штети или жртви во земјотресите.
Третиот и најсилен земјотрес ги погоди островите Кермадек, северо-источно од Северниот остров на Нов Зеланд утринава, кратко по земјотресот со јачина од 7,4 степени во истиот регион. Претходно, голем земјотрес со јачина од 7,2 степени ја погоди областа околу 900 километри на исток од Северниот остров.
Линда Татаре, жителка на заливот Анаура, на источниот брег на Северниот остров, рече дека мала заедница од околу 50 луѓе отиде во повисоките области наутро.
„Сите и нивните кучиња се во ридовите“, изјави Татари за Ројтерс.
Предупредувања за цунами се издадени и на пацифичките острови, вклучувајќи ги Нова Каледонија и Вануату, додека помали бранови на цунами може да се забележат до Антарктикот и делови од Јужна Америка, соопшти американскиот пацифички центар за предупредување за цунами.
Научниците соопштија дека серија земјотреси биле предизвикани од тектонски движења на границата на австралиската и пацифичката плоча, дел од таканаречениот огнен прстен на Пацификот на кој лежи Нов Зеланд.
Пред десет години, во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала загинаа 185 лица во градот Крајстчрч на Јужниот остров.
Австралија издаде закана за цунами на островот Норфолк, мала австралиска територија со околу 1.750 жители, но рече дека нема закана за копното на земјата.
Жителите на островот Норфолк во областите загрозени од одрони или поплави се советуваат да одат на повисоки места или на копно, соопшти Бирото за метеорологија, бидејќи малите бранови на цунами го погодија крајбрежјето.
Извор: ВОА