Животното осигурување е второ име на љубовта: Подари ѝ на твојата сакана сигурна и среќна иднина
Има ли подобар начин да ги изразите чувствата кон вашата партнерка во февруари, месецот на љубовта, од инвестирање во идеален подарок за нејзина среќна иднина и сигурност. Љубовта кон саканата не знае за граници, па, повеќе од кога и да е, искажете ги грижата и емоциите кон жената што секој ден ви го прави животот поубав. Изненадете ја љубовта на својот живот со полиса за индивидуално животно осигурување од Кроациа, која нуди безбедност и стабилност и помислете на сите заеднички убави моменти што може да произлезат по достасување на полисата.
Современиот начин на живеење постојано носи нови предизвици и неизвесности. Решение за овие предизвици е животното осигурување, кое во денешно време е потребно повеќе од кога и да е. Овој вид осигурување е еден од најдобрите финансиски производи и е единствен што овозможува комбинација на штедење и осигурување, а обезбедува и заштита од финансиски загуби, кои можат да настанат како резултат на несакани настани. Како лидер во сегментот на животното осигурување во земјава, компанијата Кроациа осигурување-живот го нуди производот Индивидуално животно осигурување, кое е целосно приспособливо на индивидуалните потреби.
Кај овој вид осигурување постои и можност за вклучување дополнителни осигурувања, како од незгода, дополнително ризикоосигурување или дополнително здравствено осигурување од тешки болести, од малигни болести или при оперативни зафати. Полисата опфаќа и осигурително покритие на ризикот од смрт на осигуреникот предизвикан од ковид-19.
ПР објава