Знаци кои покажуваат дека вашата партнерка ве изневерува

Ако вашата девојка ги прави овие работи, тогаш постои можност дека се гледа со друг маж..

Истражувањата покажаа дека 80% од мажите немаат никаква претстава дека нивните девојки ги изневеруваат, што покажува дека мажите всушност не знаат како да ги препознаат сигналите кои девојките ги покажуваат кога се во врска со други мажи. Затоа одлучивме да ви дадеме неколку совети и да ви ги отвориме очите за на време да можете да откриете дали вашата девојка ви е верна и како би можеле уште на стартот да ја прекинете лажната љубов.

1.  Станува сексуално незаинтересирана

Ако приметите дека вашата девојка наеднаш ја губи желбата да спие со вас и да делува незаинтересирано за секс, тогаш постои можност да го прави истот со други мажи.

2.  Постојано си го проверува телефонот

Ако забележите дека вашата партнерка поголемиот дел од времето го поминува на телефонот, постојат шанси таа да се допишува со други мажи, па проверете го тоа доколку имате можност.

3.  Се задржува на работа

Ако вашата девојка подолго време останува на работа и ако тоа се случува подолг временски период, тогаш, тогаш не ја исклучуваме можноста дека го користи времето после работа за кратко да се види со својот љубовник.

4.  Често излегува без вас

Се согласуваме дека паровите треба да поминат одредено време разделени, но ако приметите дека таа се почесто сака да излегува без вас или не го сака вашето друштво кога оди некаде, голема е веројатноста дека во тоа друштво се наоѓаат и други мажи.

5.  Изневерувала и претходно

Ако еднаш изневерила некога, секогаш ќе изневерува. Ако девојката ви открилоа дека некогаш имала изневерено момче или некого има изневерено со вас, тогаш постои можност истото да ви го направи и вам, па затоа внимавајте.