Зошто е битно да го заштитите вашето возило со керамичка обвивка?
Ако сакате да го заштитите вашето возило од гребнатини, тогаш керамичката обвивка е вистинската работа за вас ...
Нашите автомобили се наоѓаат во голема опасност секој ден, а една од тие опасности доведува до тоа да се гребе и оштети нашиот автомобил. Несовесни возачи, пешаци, камења, лошо време, животни, измет на птици, сето ова води кон слабеење на бојата на нашите возила, а кога тоа ќе се случи, нашите метални миленичиња остануваат со траги што повеќе не можат да се отстранат.
Затоа керамичката обвивка е нешто што дефинитивно треба да го направите ако сакате вашиот автомобил да биде без гребнатини. Керамичката обвивка создава невидлива бариера над бојата на вашето возило, што доведува до заштита од гребнатини.
Во клипот подолу, ќе видите како се третираат гребнатини на возила кои имаат токму таква аштита. Автомобилите што ја немаат, остануваат со гребнатини што треба да се полираат, па дури и да се насликаат, додека гребнатинките на керамичката заштита имаат потреба од бришење само со влажна крпа.