Зошто е штетно да се пие сок од портокал наутро? Каде грешиме...
Свежиот сок од портокал е важен елемент на здравата исхрана. Но, за да свежо цедениот сок од портокал не би му штетел на здравјето, неопходно е да се придржувате до неколку едноставни правила.
Се верува дека свежо цедениот сок од портокал е покорисен од кафето и чајот, бидејќи содржи многу витамини и микроелементи. Меѓутоа, ова правилно не функционира секогаш.
Нутриционистите веруваат дека свежиот сок не треба да се пие на празен желудник. Киселиот сок ја иритира слузницата и со честа употреба може да доведе до гастритис. Исто така е опасен за забите. Шеќерите и киселините, кои се наоѓаат во сокот, полека но сигурно ја уништуваат забната глеѓ.
Како да се пие правилно сокот од портокал?
За да не го иритира желудникот сокот од портокал, нутриционистите препорачуваат сокот да го измешате со флаширана вода во размер 1:3. Сокот не треба да се меша со метална лажичка, бидејќи металот го уништува витамин Ц. Свежите сокови не треба да се филтрираат бидејќи пулпата содржи најголема количина на хранливи материи.
Луѓето со вишок на килограми не би требало да пијат сокови, бидејќи тие предизвикуваат трупање масти на струкот, колковите и задникот. Свежиот сок е потребно да се конзумира со сламка, така да киселината нема да ја оштети забата глеѓ, а по конзумирање забарите препорачуваат испирање на уста со топла вода.