Зошто го губиме здивот: Затруени сме уште во стомакот
Иако има денови кога ветрот го чисти смогот кој со денови е присутен, тоа не значи дека битката против него се добива. Возрасните личности секојдневно вдишуваат 15 кубни метри воздух, а покрај кислородот, кој живот значи и понатаму во него се присутни голем број загадувачи кои имаат штетни последици по здравјето на нашите дишни органи.
„Посебно попречуваат на правилниот развој на детските бели дробови, а научно е докажано дека преголемата изложеност на загаден воздух предизвикува сериозно последица по здравјето на дишните органи на доенчињата“ - предупредува проф. д-р. Бранислава Миленковиќ, пулмолог, експерт на Институтот за белодробни болести и туберкулоза во Клиничкиот центар на Србија.
Пушачите не обрнуваат внимание на тоа - Би требало да станат свесни дека и (пасивното) пушење исто така живот во интензивното загадување. Трудниците кои пушат раѓаат деца со послабо развиени дишни патишта. Поради тоа често имаа респираторни инфекции, астма и други белодробни заболувања.
Сигналите се јасни - Кои сигнали укажуваат на тоа? Клучниот показател на воспаление на дишните патишта е гасот азот моноксид. Релативно лесно се детектира во издишаниот воздух, па може без проблеми да се измери и кај најмладите, за време на спиењето. Кај бебињата кои се од средините со поголемо аерозагадување, а биле изложени и во утробата на мајката, се регистрира зголемено ниво на азот - моноксид.
Колку е опасно? - Дишењето е предуслов за живот, а воздухот кој влегува во човековото тело и крв во количини е поголем од било кои други супстанци. Затоа во периодите на аерозагадувањата расте смртноста кај најмладите, но и настарите жители, како и кај личностите со хронични болести без оглед на нивната природа.
Како се одразува на децата? - Бебињата чии мајки за време на бременоста ја поминале во големо аерозагадување имаат поголем број на респирација. Тоа практично значи дека се принудени побрзо да дишат, а тоа е еден од показателите дека душевните патишта не им се доволно развиени.
Удар на целиот организам - Кои се последиците? Поради оштетувањето, дишниот пат им е помал од нормалниот, послабо се развива. Од тоа произлегува намалена или доволна респирација, која неминовно остава негативна трага на размената на гасови во белите дробови. Воедно, намалениот внес на кислород неповолно влијае на секоја ќелија во организмот.
Со други зборови, чистиот воздух го продолжува животот - Тоа го покажуваат и студиите. Да кажеме, дека континуираното намалување на аерозагадувањето во 51 град во САД за време на 20 години, вклучувајќи го и Вашингтон, очекуваниот животен век е продолжен за 5 месеци.
Во спротивно? - Доаѓа до воспаление, кое е природна реакција на организмот на некое надразнување. Кога сме изложени на некое хемиска иритација, нашиот организам на загрозеното место испраќа одбрамбени ќелии. Тие треба да го спречат понатамошното ширење на оштетувањето. Па, воспалението е важен одбрамбен механизам, но само до одредена мера.
Што уште доаѓа до оштетување на дишните патишта? - Не се познати сите механизми кои на аерозагадувањето предизвикуваат оштетување на дишните патишта. Поголемиот број се идентификувани само оние кои делуваат директно на слузокожата: појава на кашлица, течење на носот, запаление и трајни оштетувања на дишните патишта.
Неопходна е превентива - Овие случаи упатуваат на неопходносст на превентивно делување. Мерките за зачувување на природното човеково окружување и еколошкиот развој на заедницата, особено превенцијата за делување на најопасните аерозагадувачи, се начини за да се спречат опасните последици.
Може ли оштетувањата да се санираат? - Не, но напредувањето на болеста може да се сопре, доколку пациентот не биде изложен на иритации.
Што се советува? - За личностите кои боледуваат од хронични белодробни заболувања круциално е избегнувањето на аерозагадувањето. Астмата е зачестена, се манифестира со повремени тегобии, а аерозагадувањето ја влошува болеста, па пациентите често се хоспитализирани и брзо доаѓаат до трајно оштетување на белодробните функции. Кога нема лекарства кои одговараат, астмата се лечи исклучиво со избегнување на аерозагадувањето - климатска терапија и преселување на село и море - оддалечување од неповолната средина во место кое би ја спречило прогресијата на болеста.