Зошто Исланд е најскапа земја во Европа?
Цените во Исланд се за 56% повисоки од оние во другите земји во Европа, и затоа Исланд е најскапа земја.
Во Исланд живеат 355.000 жители, а како причина зошто е толку скапо се наведува дека тие увезуваат храна.
Освен тоа имаат високи даноци на алкохолните пијалоци.
Просечната плата е над 4.000 евра, а друг фактор кој довел до скапотија е тоа што исланската круна имала турбуленции во 2016 и 2017 година.
Но, цените се шок за туристите, додека Исланѓаните добро живеат.
Се очекува оваа година економија да има пад од 0.4% и тоа би било прв пад по една деценија.
Тие имаат помалку туристички посети затоа што пропадна нискобуџетната авиокомпанија VAU er. Добра вест е тоа што рецесијата може да ги сруши цените на кириите кои за година дена многу пораснаа.