Има една позната слика на Вилијам Хант кој го претставува Исус во темна градина. Со левата рака ја придржува светилката што ја осветлува сцената, од десната страна тропа на цврстата масивна врата.
Кога сликата за прв пат беше претставена на една изложба, еден посетител му се обрати на сликарот (Вилијам Хант) со забелешка:
„Има една грешка во твојата слика. Вратите се без брави и рачки“.
„Не е грешка“, одговорил сликарот. „Тоа е вратата на човечкото срце. Се отвора само одвнатре “.
Затоа, размислете внимателно следниот пат кога сакате да влезете во нечие срце. Не одете присилно, важно е да чукнете!