Зошто Македонија е посебна? Рацете на фотката се од сите страни...

Чингова окатка

Во Националната Стратегија за заштита на природата (2017-2027), превојот Плетвар- прилепско, се споменува во првите десет најважни центри на националниот ендемизам, особено по ендемичните  растителни видови кој се појавуваат поради специфичните почви и минерали кои се наоѓаат на подрачјето.

Типичен пример за еден таков ендемски вид е пеперутката Чингова окатка (Pseudochazara cingovskii), ендемски вид која според досегашните објавени истражувања се среќава само во околината на Плетвар. Оваа пеперутка за сега се знае дека живее само на Плетвар, на површина не поголема од 1,5 км² и на ниедно друго место во светот.

Охридско езеро

Охридското Езеро е вистинско чудо на природата. Крие повеќе од 200 ендемични видови растенија и животни како алги, зоопланктон, риби, полжави и црви, поради што некои го нарекуваат европски Галапагос.

Експертите претпоставуваат дека езерото настанало пред четири милиони години (се проценува дека е старо од 4 до 10 милиони години) и дека во своите длабочини крие видови кои одамна исчезнале во другите делови на светот. Најстаро е во Европа и четврто по старост во светот.

Алшар

Алшар, антички рудник лоциран на јужниот Балкан, на планината Кожув во нашата земја, наводно содржи минерали што не можат да се најдат на кое било друго место на планетата. Со оглед на најретките на сите - лорандит, тој има потенцијал да ни овозможи да ги разбереме работењето на сонцето. Научна фантастика или реалност?

Велат дека има тајна која не е помала од тајната на универзумот.  Дека го чува одговорот на силата на сонцето. Ова не е последниот блокбастер на Спилберг. Тоа е рудник. Но рудник покриен со превез на мистерија.

За Македонија, во Алшар се вели дека содржи минерали што не можат да се најдат на кое било друго место на планетата. Најредок  од сите - лорандит, талиум кристал. Се смета дека Лорандит има потенцијал да ја разоткрие т.н. „неутронска сложувалка“. Со тоа што служеше како геохемиски детектор за невроните, лорандитот може да ја потврди или побие теоријата на стандарден сончев систем, велат физичарите. Едноставно кажано - дозволете ни да го разбереме работењето на сонцето. Наводно, дури и јасновидката баба Ванѓа кажала дека Македонија ќе стане многу богата тогаш кога Алшар ќе почне да работи.

Кокино

На многуте постоечки убавини што ја красат Македонија со почит можеме да ја додадеме и оваа неверојатна градба, древната мегалитска опсерваторија Кокино, создадена под влијание на природните сили. Сместена е на неовулкански рид, на надморска височина од 1030 м, со должина од околу 90 м и ширина од 50 м, под планинскиот врв Татиќев камен, во атарот на село Кокино, Кумановско. Како културно наследство од исклучително значење, што е единствен таков статус на локалитет во Македонија, откриена е случајно дури во 2001 г. Датира од 1800 г. п.н.е, односно од раното бронзено време и е стара најмалку 3800 години. 

Американската вселенска агенција НАСА во 2005 г. ја рангираше на високото 4. место по старост во светот.

Афион

Благодарение на агро- биолошките предности на македонското тло, афионот добро цветаше и стана меѓу најдобрите во светот. Содржи 14 до 16 проценти морфин (или морфни единици) наспроти Кинескиот, чиј морфин е само 3 до 5 проценти. Авганистанскиот има нешто слично колку Македонскиот. За него ќе настанеше војна помеѓу Скопје, Белград и САД во првата половина на дваесеттиот век. 

Македонскиот медицински опиум, произведен од афион, кој поради својат екстра висок квалитет беше продаван на светскиот пазар, најпрво го набавија водечки европски фармацевтски компании, а по 1928 година скоро целото југословенско производство на опиум го превземаа американски компании, наведува „Хрватскиот журнал“ за „Современа историја“. 

единствен примерок! Велат дека го нема никаде во светот, само кај нас. Се работи за Виленското ракче- Chirocephalus pelagonicus. Самото име го детерминира неговото место на живеење- живее во Пелагонија, во локалитетот викан Локви, во близина на селото Големо Коњари, Прилепско. 

Виленско ракче

Подрачјето на мочуриштето е природен резерват и е прогласен за споменик на природата. На листата на загрозени животни на ЕУ се наоѓа и ова животно.

Домот на животинчето е во вода која има мали количини на сол. Местото Локви изобилува со алкални дождовни базени односно вирови. Ракчето има единствена комбинација на морфолошки карактери. Многу е мало, околу 2 см. Но има цврста обвивка која му овозможува опстанок во зима и во суша.

Лидија

Лидија е првата христијанка во Македонија и во Европа која го примила христијанството од раката на апостол Павле, а посакала и своите блиски да ги приведе кон Христа, како што запишал евангелистот Лука: „се покрсти таа и нејзините домашни“.

Освен Лидија, исто така силни по вера и добри христијанки од Филипи, во Библијата се спомнуваат и Еводија и Синтихија.

Статијата продолжува...

Има уште многу значајни посебности, најчесто единствени во светот или многу ретки, но овие се споменуваат како најголеми богатста на Македонија.