Зошто мажите помалку се дебелеат и имаат помалку брчки: Клучни услови за ТОП изглед
Бидејќи мажите имаат поголема мускулна маса, што бара повеќе кислород, тие имаат 10 проценти поголем нос од жените. Од друга страна, поради густиот колаген подолго го задржуваат младешкиот изглед
Обично се вели дека жените и мажите се спротивн пол. И, навистина, многу од нештата ги прават различни. Да започнеме со изглед и тежина. Мажите имаат повеќе мускулно ткиво што им овозможува побрзо да согоруваат калории, така што тие се помалку склони кон зголемување на телесната тежина од дамите. Посилниот пол се зголемува повеќе во абдоменот, додека жените тежат повеќе на колковите.
На страната на мажите е и младешкиот изглед, поради густиот колаген. Жените имаат потенка кожа, губат колаген побрзо како што стареат, што се манифестира со вишок на брчки во споредба со спротивниот пол. Бидејќи мажите имаат поголема мускулна маса, што бара повеќе кислород, тие имаат 10 проценти поголем нос од жените. Разликата во големината на носот се забележува околу 11-тата година.
Мажите имаат два до три пати помалку шанси да заболат од депресија отколку жените. Нежниот пол е повеќе склоен кон депресија и други промени во расположението за време на хормоналните промени во пубертетот, бременоста и менопаузата.