Зошто не треба да чувате привезоци на клучевите од автомобилот? Многу е битно
Многу од нас чуваат милиони привезоци на клучевите од автомобилот и така ги држат на бравата од автомобилот, но тоа може да биде лошо за вашето возило...
Авто браварите објаснија дека најмногу се соочуваат со проблеми со бравите на автомобилите кои се надвор од функција и кои не му дозволуваат на автомобилот да запали. Тоа најчесто се случува бидејќи клучевите од автомобилот се отежнати од различни привезоци и други клучеви. Кога ќе се стави клучот во бравата, таа се криви и после некое време може да се расипе и да го оневозможи стартувањето на автомобилот.
Промената на бравата може да биде доста скапа и проблематична интервенција, па затоа е многу важно, клучот од автомобилот да ви биде потполно слободен кога ќе го ставите во бравата. Останатите клучеви тргнете ги настрана додека возите, а привезоците избегнувајте ги или чувајте ги со другите клучеви, бидејќи само така ќе и овозможите на вашата брава да функционира нормално и да трае подолго.