Зошто осигурена и сигурна иднина е идеален подарок за вашиот партнер?
Бидете чекор пред изненадувањата што ги носи животот и едноставно, подарете љубов. Во февруари - месецот на љубовта, повеќе од кога и да е искажете ги грижата и емотивните чувства кон вашиот партнер или животен сопатник. Ако имате дилеми како да ја изненадите љубовта на вашиот живот, можеби треба да размислите да инвестирате во најдобриот подарок за неговата или нејзината иднина.
Нема подобра мисла за саканите од желбата за извесна и осигурена иднина, особено во овие неизвесни времиња, и не постои поидеален подарок од полисата за индивидуално животно осигурување на Кроациа осигурување, која нуди безбедност и стабилност. Овој тип осигурување претставува долгорочно решение и најбезбеден облик на штедење, сигурност и осигурување, а е целосно приспособлив на индивидуалните потреби. Помислете само на сите убави моменти што може да произлезат по достасувањето на полисата за индивидуално осигурување на животот, како заеднички патувања, викендичка на море, езеро или на планина, реновирање на домот, купување автомобил, можност за одење на бања и слично.
Овие придобивки од животното осигурување за себе и за партнерот се далеку посилни и повредни од кој било подарок, односно полисата за животно е исплатлива инвестиција на долг рок.Полисата за индивидуално осигурување на животот го има водечкото место во портфолиото на „Кроациа осигурување - живот“ претставувајќи најатрактивна комбинација на карактеристики и придобивки, кои вклучуваат: сигурен облик на штедење со истовремено осигурување; загарантирана исплата на парични средства по истекот на осигурувањетo; финансиска сигурност за вас лично и за вашето семејство; можност да создавате капитал за вашите идни планови; брза исплата при настанување осигурен случај, како и капитал за кога ќе се намалат приходите, особено по одење во пензија.
Осигуреници можат да бидат лица на возраст од 14 до 65 години, а траењето на осигурувањето е од 10 до 25 години. Премијата може да се уплаќа месечно, квартално, полугодишно и годишно, минималната годишна премија изнесува 180 евра, а се нуди и можност за договарање пензиска рента.
Кај овој вид осигурување постои и можност за вклучување дополнителни осигурувања, како од незгода, дополнително ризикоосигурување или дополнително здравствено осигурување од тешки болести, од малигни болести или при оперативни зафати. Полисата опфаќа и осигурително покритие на ризикот од смрт на осигуреникот предизвикан од ковид-19.
Најважно при склучување животно осигурување е да се направи правилен избор на компанија што има знаење, традиција, стабилност и сигурност во работењето. Кроациа осигурување е дел од групација која успешно работи во осигурителниот сектор од нејзиното основање во 1884 година, а воедно е првата компанија за осигурување живот регистрирана во земјава и финансиска институција кај нас, која поседува меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно со стандардот за квалитет ISO 9001:2015, меѓународен сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки согласно со стандардот ISO 10002:2018.
ПР објава