Зошто постелнината во хотелите секогаш е БЕЛА? Овој одговорот не го очекувавме

Дали забележавте дека во секој хотел каде што престојувавте постелнината е бела?

Без разлика дали се работи за луксузни или помалку луксузни хотели, речиси никогаш нема да наидете на шарена постелнина. Ова правило, ако размислите малку подобро, не се вклопува ниту во правилата на логиката, бидејќи белата постелнина најлесно се валка.

Сепак, причините се, верувале или не, повеќе од психолошка природа. Како прво, белата постелнина е поврзана со уредност, свежина и чистота. Покрај тоа, на потсвесно ниво, оваа боја се поврзува со луксуз - дури и ако не сте во престижен хотел, ќе добиете впечаток дека сте.

Експертите од угостителството и хотелиерството сметаат дека белата боја позитивно влијае на гостите, односно им овозможува подобра перцепција за хотелот, но се смета дека придонесува и за подобар квалитет на сонот. Некои истражувања покажаа дека оваа боја не‘ прави посмирени и помалку напнати. Што го објаснува фактот дека таа е изборот на секој хотел.

Има уште една практична причина - оваа боја оди со се‘. Без разлика на боите кои преовладуваат во хотелските соби, белата е неутрална и ќе се вклопи во секоја нијанса, додека тоа не е случај со другите бои.

Веројатно сте забележале дека истото е случај и со хотелските крпи и бањарки. Но, во овој случај постои практична цел. Станува збор за тоа дека белата постелнина, крпите и другите слични ткаенини може без грижа да се перат заедно, а освен тоа не постои можност за несакано белење и избелување на бојата по перењето.


Фото: unsplash