Зошто Путин ја држи десната рака скоро неподвижна?
Рускиот претседател Владимир Путин својата десна рака ја држи скоро неподвижна поради интензивните обуки во руската разузнавачка служба КГБ, а не поради Паркинсова болест, се наведува во студијата која се објави Британскиот медицински журнал.
Тим невролози од Португалија, Италија и Холандија ја анализирале положбата и движењата кои може да бидат први знаци за некоја болест, а научниците биле „изненадени“ од начинот на кој Путин оди.
На видео снимката на која се гледа одот на рускиот претседател, неговата лева рака нормално ги следи чекорите, додека десната му е потполно закочена што често е знак за Паркинсова болест.
Меѓутоа, докторите не пронашле други симптоми на болеста кај Путин, како тремор, вкочанетост или лоша кондиција, туку сосема спротивно: рускиот шеф на државата има „одлично моторички способности“, носител е на црн појас во џудо, крева тегови и плива, а исто така пишува брзо без треперење на рацете.
Објаснувањето кое научниците го наведуваат во студијата се повикува на посебни начини на тренирање, кои се пронајдени во прирачникот кој го користела поранешната советска разузнавачка служба КГБ.
Прирачникот, кој го превеле на холандски јазик, им налага на оперативниците да го чуваат своето оружје во десната рака, блиску до градите и да се движат на една страна, обично левата, а идејата е службениците да може побрзо да го дофатат пиштолот.
Тимот научници на Јутјуб објави низа видео снимки каде анализирале бројни видеа на други руски службеници и биле „изненадени“ од она што го откриле. Имено, тие утврдиле дека на сличен начин одат и премиерот Дмитриј Медведев, двајца поранешни министри за одбрана, Анатолиј Сеџуков и Сергеј Иванов, како и командантот на армијата Анатолиј Сидоров.
Како што се наведува во студијата, Путин и Иванов се поранешни службеници во КГБ, а Серџуков и Сидоров исто така ја поминале воената обука.