Зошто туристите масовно купуваат кафе во Грција? За „течното злато“ од островот на долговечноста го даваат и последниот денар

За многу луѓе, утринското кафе е момент на уживање, но грчката верзија на овој напиток се смета за вистински еликсир на долговечноста. 

Научниците открија дека жителите на грчкиот остров Икарија – познат како „остров на долг живот“ – кои секојдневно пијат една мала шолја грчко кафе, имаат подобра работa на срцето, подобар проток на крв и остануваат витални дури и во поодминати години.

Професорот Герасимос Сиасос од Атинскиот универзитет објаснува дека грчкото кафе содржи високо ниво на антиоксиданси и полифеноли кои го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и дури можат да го намалат ризикот од прерана смрт.

Freepik

Како се приготвува грчко кафе?

Кафето мора да биде силно, приготовено бавно и со густ слој од пена одозгора. Се користат ситно меленo зрно, кои се варат во бакарно ѓезве, на тивок оган. 

Потребно е да се сервира веднаш, а пената на површината е знак дека е направено правилно и од квалитетни зрна. Грците го пијат кафето полека, без брзање како дел од утринскиот ритуал.

Добробити од грчко кафе:

Го намалува ризикот од заболувања на срцето и крвните садови

Богата е со антиоксиданси (90–130 mg по шолја)

Го забрзува метаболизмот и може да помогне во регулирање на телесната тежина

Го намалува ризикот од невролошки заболувања како мозочен удар, деменција и Паркинсонова болест

Важно е да се пие без шеќер или млеко за да се задржат здравствените придобивки.

Извор: Мондо