Зошто најдобрите идеи ни паѓаат на памет под туш?
Прославениот продуцент Арон Соркин се тушира по шест пати на ден за да спречи креативно блокирање. Ако добивањето на Оскар за сценарио не е доволно доказ дека е на вистинскиот пат, новите истражувања од „Thinking & Reasoning“ докажаа дека кај нас доаѓаат подобри идеи кога ќе престанеме да се обидуваме и да ги оставиме нашите мисли да талкаат.
Истражувачите ставале задачи со зборови пред тест групата и потоа ги прашале дали дошле до аналитички пристап или дали одеднаш имале решение. Кога дојдоа до решението во „Аха!“ моментот, дадоа поточни одговори отколку со пристап за решавање проблеми.
Еве зошто: Кога го користите методичкиот принцип на решавање проблеми, фронталниот лобус на вашиот мозок е многу активен, вели истражувачот д-р Џон Куунос, коавтор на факторот „Еурека“: Аха моменти, креативен увид и мозокот.
Фронталниот лобус ве одржува во силен фокус - што е добро ако треба да поминете преку годишна проценка на трошоци - но не и добро ако мора да решите некој проблем. Кога ќе “запнете“ некаде, потребна ви е нова перспектива за ситуацијата. Поради состојба на хипер фокус, не можете да се померите од место. Веројатно ќе се придржувате до веќе утврдени факти отколку да доаѓате до нови идеи.
Од друга страна, кога сте опуштени и вашите мисли лутаат слободно, се намалува активноста во предниот лобус и се зголемува активност во делот на мозокот наречен gyrusa cinguli. Тој е заслужен за несвесни идеи што инаку би можеле да ги промашиме.
„Тоа буквално ја проширува вашата свест“, вели Куанос.
Поради ова, можете да погледнете во мониторот на вашиот компјутер 40 минути обидувајќи се да дојдете до решение, а веднаш штом ќе станете од вашата работна маса, ви “светнува“ решението. Не мора да шетате низ канцеларијата бесцелно цел ден или постојано да се туширате за да го дочекате моментот на просветлување. Обидете се да поставите ограничување за тоа колку долго ќе седнете пред вашиот компјутер пред да прошетате кратко, вели Куниос.
Ако одите на работа со автомобил, обидете се да го исклучите радиото и да видите што ви доаѓа на ум во тие ретки моменти на тишина. Можеби некоја нова генијална идеја.