Спорт // Спорт
Ангеловски доби отказ од Горица, заборави што е тоа победа како тренер и неславно заврши во Хрватска
Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски по десет натпревари на клупата на Горица заработи отказ, не запиша ниту една победа, екипата е закована на дното.
Клубот ја потврди разделбата откако екс селекторот на Македонија не се прослави на клупата на клубот, без ниту една победа, со осум порази.
„Му заблагодаруваме на досегашниот тренер на соработката за овие неполни три месеци колку што мина на клупата на Горица“ – се вели во соопштението од Горица, од каде нагласуваат дека во понеделник ќе биде соопштено за јавноста името на новиот тренер.