Еве на што „фрла“ милиони долари: Ди Каприо е опасен богаташ

Има и може! Миленикот на Холивуд ужива во раскош за сите пари.

Еден од најдобрите актери во Холивуд, но и актерот кој заработува најмногу пари, Леонардо Ди Каприо не е еден од оние кои не знаат да уживаат, но и мудро да трошат пари.

Неговото богатство се проценува на околу 300 милиони долари.

Некои од работите на кои троши пари ќе ви се допаднат, а некои ќе ве изненадат.

Егзотични миленичиња

Ди Каприо сака животни, а ужива да го поминува слободното време со своето симпатично милениче. Актерот поседува африканска желка која може да живее  и до 80 години.

Брзи автомобили

Лео беше голем љубител на "Fisker Automotive“ пред да банкротираат, а инвестираше во таа компанија како амбасадор на нивниот бренд. Познато е и дека влегуваше во трки во Формула 1,  вози “Tojota Prius“ и“Tesla Roudster“.

Гитари

Леонардо потроши 100.000 долари на гитара „Bono Vox“ на добротворна аукција за да собере пари за Хаити, по земјотресот во 2010 година во таа земја.

Сопственик на скапи недвижнини

За четири месеци, актерот, наводно, потрошил 23 милиони долари на три имоти.

Околу 5,2 милиони долари се потрошени на резиденција во Палм Спрингс, Калифорнија, модерна оаза со базен, бања, тениско игралиште, шест спални соби, осум бањи и голема куќа за гости.

Актерот купил и направил во холистички дух стан вреден 10 милиони долари во зградата Делос во Њујорк Гринич селото.

Тој исто така поседува стан од 8 милиони долари во Њујорк, како и дом од соништа во Малибу.

Фигури од “Војна на Ѕвездите“

Ди Каприо е страсен обожавател на филмовите „Војна на Ѕвездите“, па затоа вложи многу пари во колекцијата на нивните фигури. Во еден момент, тој поседуваше дури 150 фигури од франшизата, како и околу 200 роботи и околу исто толку играчки со супер- херои.

Скапи уметнички дела

Едно од најскапите уметнички дела на Ди Каприо беше редок колаж на Жан Мишел Басквиат, наречен „Red Men One “. Го купи за 9 милиони долари, но беше принуден да ги предаде на ФБИ, откако беше откриено дека парите што ги користел биле од неговата компанија „Ред Гранит“, која, наводно, добила нелегални средства среде политички скандал во Малезија.

Приватен остров

Во 2005 година, Ди Kаприо купи приватен остров крај брегот на Белизе за 1,75 милиони долари. Таму тој помогна да се изгради еко-одморалиште што работи според принципот на обновлива енергија.

Луксузни јахти

Обично ги изнајмува. Тој еднаш ja изнајмил петтата најголема јахта во светот, вредна 678 милиони долари, само за да гледа фудбал со своите пријатели.

Сака спорт

Беше виден во друштво на многу јавни личности во првиот ред за време на натпреварите во кошарка.

Сопственик на череп на диносаурус

Во еден момент тој исто така поседувал череп на диносаурус вреден помеѓу 35 и 40.000 долари. Го продаде на Расел Кроу во 2008 година, а го објави на аукција минатата година.

Ова се само некои од работите на кои славниот актер сака да троши пари. Инаку, има скапи часовници и дизајнирани очила на списокот и многу троши на хуманитарна работа и на неговата Фондација, што е за пофалба