Има две ќерки, а само со синот е во добри односи: Децата на Том Круз
- 17 Декември, 2020
Актерот Том Круз од минатите врски има вкупно три деца, посвоена ќерка и син од бракот со Никол Кидман, и биолошка ќерка од бракот со Кејти Холмс.
Изабела Круз има 28 години, се крие од јавноста, а од 2015-та година е во брак со британскиот ИТ консултант Макс Паркер. Таткото Том Круз ја плати церемонијата, а не присуствуваше на истата.
Нејзиниот брат Конор Круз е диџеј и актер. Тој за разлика од неа сака да се покажува во јавност и често може да биде забележан во друштво на татко си Том Круз. Тој е единственото дете кое сме го забележале во близина на актерот.
Сури е ќерката на Кејт Холмс и Том Круз, која тој ја нема видено од 2013-тата година. Сури е постојано во друштво на мајка си, а зошто актерот вопшто не комуницира со ќерката е се уште непознато.