Ја убил сопругата, го распарчал нејзиното тело, па отишол во продавница заедно со својот малолетен син како ништо да не се случило (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

Обвинителите во понеделникот прикажале снимки од неколку продавници направени меѓу 1 и 4 јануари.

Со црна заштитна маска на лицето и виолетови ракавици, Брајан Волш е снимен на безбедносна камера како купува средства за чистење во продавница на 1 јануари 2023 година. На другата снимка се гледа како се насмевнува кон камерата и ја мести косата, додека покрај него стои неговиот малолетен син.

Овие досега невидени снимки беа прикажани на судењето на Волш, кој е обвинет за убиството на сопругата – Белграѓанката Ана Волш. Судскиот процес влезе во втората недела.

Foto: Printscreen Intsgram/Rose

Во продавницата „Lowe’s“ Волш со готовина платил сметка од 463,26 долари, а во „Home Depot“ купил разни средства за чистење – заштитно одело, белило, сода бикарбона, кофи и крпи. На снимките се гледа како се движи со количка полна сомнителни производи.

Маж што одговара на неговиот опис е снимен како фрла тешки ќеси со ѓубре во контејнери на различни локации. Посебно вознемирувачки е фактот што на една од снимките се појавува со својот син, насмеан и мирен, како ништо да не се случило.

Волш е обвинет дека ја убил сопругата Ана и го распарчал нејзиното тело пред речиси три години. Телото сè уште не е пронајдено.

На судењето сведочел и Метју Шихан, форензичар од полицијата на Масачусетс, кој потврдил дека во подрумот од куќата биле пронајдени траги од крв, а во кујнски ормар – нож со острица позитивна на тест за крв.

Во контејнер пред куќата на мајката на Волш исто така биле пронајдени докази – пила со траги од крв, додека јакната на Ана Волш не покажала присуство на биолошки материи.

Сведочел и др. Ричард Аткинсон, медицински вештак, кој потврдил дека траговите на тепихот во контејнерот се совпаѓаат со човечка крв.

Двајца колеги на Ана, од Вашингтон, изјавиле дека почнале да ја бараат на 4 јануари, откако Брајан им кажал дека заминала на работа поради итен случај – што тие го демантирале, велејќи дека немало никаква итна ситуација на нејзиното работно место.

Извор: Espres.co.rs / Foto: Printscreen Intsgram/Rose