1 милион евра за фамозната бејзбол палка

Општо познато е дека предметите од познатите на аукциите ширум светот можат да достигнат големи цени. Така и оваа палка за бејзбол. Таа е од легендарниот бејзбол играч Бејб Рут. Ништо, помалку! Се продаде на аукција на аукциската куќа СЦП за 1 милион долари. Името на новиот сопственик не е објавено. 

Инаку, оваа палка Рут ја подарил на свој пријател уште во 1940 година, а дури сега јавноста можеше да ја види. Вредноста е огромна бидејќи бејзбол играчот со неа го задал петстотиот удар во кариерата.

Палката три децении стоела во шкаф во домот на Тери Рајс, чиј татко Џим ја добил од Бејб Рут. Тој се плашел да ја покаже палката во јавност бидејќи мислел дека би можела да биде украдена.

„Помислив дека сега е вистинско време да се продаде ова парче спортска историја“, изјави тој за „Ројтерс“.