Повеќе од 1.000 студенти останаа без субвенциониран студентски оброк, објавија СтудентаријаМК, кој се декларира како извор за информации на најголемата заедница на студентите во Македонија.
Поради бавни и неефикасни административни постапки на дел од факултетите и институциите, многу студенти не се најдоа на листите за ноември, по што им беше прекинато правото на субвенциониран оброк, се вели во нивната објава.
-Сега, кога рокот за аплицирање е завршен, тие ќе можат повторно да аплицираат дури во декември, што значи дека ќе останат без оброк цели два месеца“, информираат од СтудентаријаМК и апелираата Министерството за образование и наука што поскоро да излезе во пресрет и да им го овозможи правото на студентите што им следува со закон.
Извор: ФАКТОР