14-дневната диета поради која почина познатиот спортист, ја држат многумина и кај нас: А може да предизвика срцев удар

Легендарниот спортист почина откако заврши 14-дневна диета, во текот на која пиел само сокови и чаеви за „чистење“. Сакаше да се врати во форма, но доби срцев удар.

Легендарниот крикет играч Шејн Ворн почина на 53-годишна возраст, само неколку дена откако стави крај на двонеделната диета која е опасна за срцето. Веста дека Шејн почина на 53 години ги шокираше сите. Неговиот менаџер потврди дека пред неговата ненадејна смрт од срцев удар бил на 14-дневна диета која е опасна за кардиоваскуларниот систем.

Тоа е диета која многумина ја следат, бидејќи брзо дава резултати, но може да биде многу опасна за организмот.

Диетата со сокови е еден вид пост и не се препорачува за секого. Во секој случај, овој режим треба да го избегнуваат луѓе кои имаат дијабетес, срцеви заболувања или слаб имунитет (особено ако се работи за диета со свежи овошни сокови).

Диетата за чистење на организмот е опасна за сите кои имаат кардиоваскуларни проблеми, но дополнително ја усложнува фактот што многумина не знаат дека имаат висок крвен притисок, атеросклероза или други болести на крвните садови.

Ворн бил на строга диета 14 дена и пиел само „зелени и црни сокови“, изјави неговиот менаџер Џејмс Ерскин, а користел и чаеви за чистење на телото.

„Ваквите диети засновани на течности можат дополнително да го оптоварат кардиоваскуларниот систем. Ако вашето тело одеднаш има проблем со внесот на сол, течности и електролити, дури и помал срцев удар може да има многу посериозни последици“, објасни медицинскиот советник на британската фондација за срце, професор Гери Џенингс.

Ворн, според негово признание, бил страстен пушач, се борел со прекумерна тежина и неодамна се заразил со коронавирус. Закажана е обдукција за да се утврди точната причина за неговата ненадејна смрт додека бил на одмор во Тајланд, пренесува Мондо.

Да потсетиме, во јавноста Шејн покрај спортските подвизи и резултати ќе остане запаметен и по романсата со познатата британска актерка Елизабет Харли.

Ден по објавата дека Шејн починал, актерката напиша на Инстаграм: „Како сонцето засекогаш да зајде зад облаците. Почивај во мир сакан мој“.


извор:zena.blic.rs