5 мантри кои ќе ја направат Новата година посреќна за вас

Повторувајте си ги во новата година


Со доаѓањето на Новата година доаѓа време да размислиме што можеме да промениме за да бидеме посреќни, поздрави, поуспешни и, пред сè, емотивно стабилни. Наместо да си ветувате, обидете се да повторите неколку мантри во текот на целата година. Нека станат водечка ѕвезда за вас. Секогаш кога патот по кој чекорите скршне од патеката и тргне кон стари навики лоши за вас, помислете на овие мантри и запомнете ги. Тие ќе ви помогнат да бидете посреќни и емотивно постабилни во новата 2021 година.


„Не живејте за комплименти од другите, затоа што може да умрете од нивните критики“
Некои луѓе прават грешка обидувајќи се да им угодат на сите, сакаат да им се допаднат на сите, нужно им е да освојат сечие одобрение. Запомнете дека со такво однесување само ќе стекнете негативи. Наместо да ве сакаат, другите ќе ве потценат и нема да ве сфатат сериозно.

„Сега сум тука. Ќе бидам таму подоцна “
Вети си дека нема да се присилуваш да носиш две лубеници под една рака за време на Новата година. Стресот е најголемиот непријател на здравјето и емоционалната стабилност. Ветете си дека ќе се ставите на прво место кога некој колега или шеф, пријател, или партнерот ви врши притисок.

„Понекогаш победувате, а понекогаш учите “
Научете како да ги прифатите вашите неуспеси како лекција. Ова е најстариот безболен и точен начин да можете да научите од вашите грешки, наместо да им дозволите да ве повредат.

„Патувајте, не за да избегате од животот, туку да го проучите“
Некои луѓе прават грешка кога патуваат само за да избегаат од нивните животи, од нивниот секојдневен живот или едноставно затоа што тоа го прават другите. Вети си дека ќе патуваш свесно во новата година, да откриваш нови култури и традиции, вистински да уживаш во чудата на природата. Ова ќе ве направи многу посреќни од порано.

„Сакајте се пред сè себе си“
Ако не се сакаме себеси, нема ниту другите вистински да нè сакаат. Запомнете ја оваа мантра и повторувајте си ја често преку целата година. Тоа ќе ви помогне да ја зголемите вашата самодоверба.