5 трикови кои ќе ви помогнат да се ослободите од лошиот здив
Ништо не е полошо од тоа кога ќе му се обратите некому со лош здив..
Утринскиот здив е
нешто се појавува кај повеѓето луѓе и често го елиминираме само ако ги измиеме
забите.
Меѓутоа, некои луѓе имаат толку силен здив, па дури ниту пастата за заби не им помага. Затоа одлучивме да ви дадеме неколку совети за да го елиминирате непријатниот здив за само 5 минути.
1. Пијте вода
Бектериите во устата често испуштаат гасови кои непријатно мирисат. Кога е устата сува, тие гасови стануваат уште посилни, па затоа задолжително пијте многу вода и хидрирајте ја вашата уста за да го елиминирате лошиот здив.
2. Магдонос, нане и босилек
Овие три билки имаат неверојатен природен мирис и ако ги јадете, непријатната миризба во вашата уста ќе исчезне, а вие ќе имате убав и освежителен здив.
3. Јаболка
Јаболката во себе содржи оксидирани полифеноли кои го неутрализираат мирисот на вашата уста и ја елиминираат појавата на лош здив.
4. Лимон
Можеби ова ќе ви биде доста непрактично, но ако изедете една кришка лимон, вашиот здив моментално ќе исчезне, бидејќи лимоновиот сок и витаминот Ц ги убиваат бактериите во вашата уста.
5. Исчистете го вашиот јазик
Бактериите кои се наоѓаат во вашата уста најмногу се таложат на вашиот јазик. Вашиот јазик треба да биде розев, а адоколку на него видите бели наслаги, тогаш тоа е знак дека имате голема количина на бактерии во вашата уста. Поради тоа во аптека купете посебна алатка за чистење на јазикот и ќе видите дека лошиот здив ќе исчезне.