56 соби: Нуклеарниот бункер во Велика Британија

Поранешниот британски нуклеарен бункер наречен „Hope Cove“, сега е познат како „Crown Buildings“.

Бункерот е изграден од британската влада во 1952 година како дел од програмата РОТОР поврзан со голем радарски систем за откривање на можни воздушни напади.

Се наоѓа во Девон. Површината на бункерот е 3.065 квадратни метри, има два ката и 56 соби.

Целосно е направен од цврста градба која може да поднесе скоро секакви напади од оружје, а внатрешноста ги содржи сите неопходни нешта во случај на напад.