7 први знаци за рак на дебело црево: 90% од луѓето го игнорираат алармот што го испраќа телото!

Никогаш не смеете да ги игнорирате или сами да се дијагностицирате

Пред неколку дена одекна веста дека младиот и талентиран глумец Чадвик Боузман, кој се прослави со својата улога во филмот на Марвел „Црниот пантер“ ја загуби битката со тешката болест, рак на дебелото црево и почина на 43-годишна возраст. 

Ракот на дебелото црево е еден од најчестите видови на рак, но исто така и еден од оние кои често се откриваат во подоцнежна фаза, бидејќи раните симптоми што ги дава оваа болест често се мешаат со нешто друго или целосно се игнорираат, а тоа не треба да го правиме.

Еве ги 7-те најрани знаци на рак на дебелото црево:


1. Промени во цревата

Тие можат да бидат предизвикани од промена на исхраната или начинот на живот, но ако, на пример, дијарејата или запекот траат подолго од една недела, можно е да има полипи во дебелото црево, кои можат да се развијат во карцином, објаснуваат експертите од клиниката Мајо.

2. Грчеви, гасови или болки во стомакот

Овие проблеми може да се почувствуваат откако ќе јадете нешто што не му се допаѓа на вашето тело, но ако болката е силна и постојана, можно е вашето тело да ве предупредува на нешто сериозно. Многу пациенти со карцином на дебело црево страдаат и од надуеност и непријатност во стомакот.

3. Ректално крварење или лесна крв во столицата

Ако забележите крв во столицата, тоа може да биде јасен знак за рак на дебелото црево. Ако го забележите овој симптом, не заборавајте да се јавите кај вашиот лекар.

4. Чувство дека цревата не се целосно празни

Ова е уште еден знак за рак на дебелото црево - одите во тоалет, но имате чувство дека цревата не се испразниле.

5. Слабост или замор

Полипите можат да предизвикаат внатрешно крварење во дебелото црево, што веднаш доведува до замор и чувство на слабост. Обично доаѓа сосема ненадејно, и без напорни активности или недостаток на сон.

6. Необјаснето слабеење

Ненадејното губење на тежината може да биде симптом на неколку видови на рак, а кај рак на дебелото црево тоа се случува затоа што полипите во цревата влијаат на начинот на кој телото ја метаболизира храната.

 7. Промени во бојата или формата на столицата

Потемната боја на столицата и обликот на моливот се лош знак. Ако столицата е црна, тоа главно е резултат на продирање на крв во дигестивниот тракт.


Ако имате еден или повеќе од овие симптоми, задолжително посетете лекар што е можно побрзо!


Извор: stil.kurir.rs

Можеби ќе ве интересира:

Лекарите сигурни: Оваа храна го намалува ризикот од карцином за дури 80 проценти

    Вистински борец со тажна судбина: Криел дека е болен, тајно се оженил - детали од животот на „Црниот Пантер“