Вистински борец со тажна судбина: Криел дека е болен, тајно се оженил - детали од животот на „Црниот Пантер“

Денес светот е обвиен во тага, по веста за смртта на американскиот актер Чадвик Боузман, кој се прослави со улогата во „Црниот пантер“ на Марвел, а почина денес на 43-годишна возраст од последиците на сериозната болест.

Имено, тој четири години криел од јавноста дека боледува од рак на дебелото црево, па никој не знаеше со што се бори, освен неговата сопруга и најблиските луѓе што ги гледал секој ден, пишува Би-Би-Си. Тажната и ненадејна вест за неговата смрт ги шокираше обожавателите на неговиот лик и дела.

„Тој беше вистински борец, се креваше од сè што му се случуваше. Тој сними неколку филмови помеѓу бројни операции и хемотерапија, а врв на неговата кариера беше улогата на кралот Т’Чала во „Црниот Пантер“ “, стои во семејната изјава.

Инаку Боузман починал во својот дом, а последните моменти ги поминал во најтесниот круг на семејството. Со него била и неговата сопруга, пејачката Тејлор Симон Ледвард со која Чедвик се венчал во тајност неколку месеци пред смртта.
Тој ја запросил Тејлор во ноември минатата година, а се венчале придружени само од  најблиските роднини и пријатели, и тоа неколку недели пред неговата болест да се влоши, пренесува “Mirror”.

Покрај „Црниот пантер“, Чадвик имаше улоги во „Avengrers: Endgame“, „Abbers: Infiniti War“, „Marshall“, „Gods of Egypt“, „21 Bridges“ и други. Тој беше омилен меѓу колегите, а на снимањето никогаш не дозволуваше на присутните да им биде досадно. Тој секогаш беше весел, насмеан и расположен и со својот изглед ги радуваше сите околу себе.

Роден е во 1976 година и порасна во Јужна Каролина. Студиите ги заврши на Универзитетот Хауард, каде што дипломираше режија. Неговата кариера започна со помали ТВ улоги, вклучувајќи ги Џеки Робинсон и Џејмс Браун. 

Многу од светските лица се простија од актерот преку социјалните мрежи, а меѓу нив се и Рајан Рејнолдс, Хали Бери, Џенофер Гарнер, Кери Вашингтон и многу други.

извор:nova.rs