Ако сте над 40 години, заборавете на овие намирници - ве уништуваат: Мислите дека се здрави, ама не се!
Постојат намирници кои дефинитивно треба да ги исфрлите од исхраната кога ќе достигнете одредена возраст.
Ако на 20-годишна возраст вашиот метаболизам ви дозволува да јадете многу брза храна вечерно време и да не добивате ни грам тежина, тоа не значи дека ќе можете да продолжите со истите навики и по 40-та година од животот. Не само што негативно ќе влијае на вашиот изглед, туку и на вашиот животен век.
Нутриционистите објавија список на храна што секој, особено мажот над 40 години, треба да ја исклучи од исхраната.
1. Маргарин
Оваа храна содржи заситени масти, поради што се формираат холестеролни плакови на sидовите на крвните садови. Подобро е да го замените со обичен путер или дури да преминете на маслиново или кокосово масло.
2. Вештачки засладувачи
Вештачките засладувачи можат да бидат многу поопасни од шеќерот, велат научниците. Вообичаените замени како аспартам, сукралоза или естевеозид се поврзани со зголемување на телесната тежина, дијабетес и други болести. Подобро е да ги замените со јаворов сируп, мед или јаболков сируп.
3. Газирани сокови
Газираните сокови нема да ви донесат ништо добро. Тие ве надувуваат, имаат штетно влијание врз црниот дроб и срцето.
4. Алкохол
Тешко е изводливо за повеќето балканци, но лекарите силно советуваат да се намали потрошувачката на алкохолни пијалоци по 30-годишна возраст. Оштетувањето на сите органи воопшто не е занемарливо.
5. Овошни сокови
Овие навидум здрави пијалоци се всушност полни со фруктоза, природен шеќер. Ако пиете поголеми количини на сок секој ден, не само што не можете да изгубите тежина, туку и ќе добиете тежина во стомакот. Таквите маснотии се нарекуваат висцерални и можат да предизвикаат болести на кардиоваскуларниот систем, дијабетес и други болести поврзани со метаболички нарушувања.
6. Слатки колачи
Се разбира, понекогаш можете да си дозволите помал десерт, но на мажите постари од 40 години им се препорачува да ја ограничат консумацијата на слатки. Оваа храна не само што додава тежина, туку влијае и на квалитетот на кожата, предизвикувајќи појава на брчки.
7. Преработено месо
Преработеното месо содржи многу нитрати и конзерванси. Тие го нарушуваат варењето на храната, предизвикувајќи надуеност. Исто така е пожелно да се намали количината на месо на скара. Поради високите температури при подготовка на отворен оган, во производот се формираат хетероциклични амини (HCA) и полициклични ароматични јаглеводороди (PAH).
8. Млечни производи со ниска масленост
Овие млечни производи изгледаат како добра идеја за оние кои сакаат да изгубат тежина. Сепак, во реалноста, овие производи се полни со состојки на јаглени хидрати кои само ја зголемуваат желбата за храна.
извор:mondo.rs