АКТИВНО ЕЛЕКТРОНСКО И МОБИЛНО БАНКАРСТВО НА СИЛК РОУД БАНКА БЕЗ НАДОМЕСТ ЗА АКТИВИРАЊЕ

Силк Роуд Банка воведе промотивен период за електронско и/или мобилно банкарство без надомест за активирање.

Имено, сите новии постојни корисници, физички и правни лица резиденти, ќе можат да ја активираат услугата електронско и/или мобилно банкарство со привилегија за плаќање, без надомест, промотивно до 30.06.2024 година.

Електронското и мобилно банкарство на Силк Роуд Банка ви овозможува едноставен и брз пристап до вашата платежна или штедна сметка, преглед на кредити и картички, можност за вршење плаќања во земјата и странство и менувачница.

Услугата е достапна од дома, од канцеларија или од било кое место со пристап до интернет, независно од работното време на Банката, да управувате со вашите трансакции 24 часа на ден. Користејќи ги услугите на Електронско и мобилно банкарство, вие сте сигурни дека имате највисоко ниво на безбедност за заштита на вашите сметки и лични податоци, како и пониски трошоци од редовните.

Посетете ја најблиската експозитура на Банката, пополнете барање и бидете во тек со најновите трендови во банкарското работење.

ПР објава