АЛАРМАНТНО: Мажите ќе имаат нерешлив проблем кога ќе го искорениме корона вирусот - предупредување на научник
Истражувачите
известуваат за директен доказ за оштетување на делови од телото по корона
инфекција
Научниците издадоа алармантно предупредување поради потенцијалните штетни ефекти врз плодноста кај мажите предизвикани од вирусот ковид-19, кој се заканува да го уништи човештвото дури и по завршувањето на пандемијата.
Истражувачите од Универзитетот за наука и технологија Хуазонг во Вухан повикуваат на итно истражување за долгорочните ефекти на инфекцијата ковид-19 врз плодноста кај мажите, поради бројни докази за намалена подвижност на спермата, помалку сперматозоиди и оштетени тестисите.
„Веруваме дека е потребно итно следење на состојбата на машки пациенти заразени со корона вирусот за време на закрепнувањето“, велат микробиологот Ју Тијан и биологот за репродукција Ли-куан Џоу.
САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува болест Ковид-19, влегува во човечкото тело преку ензим кој е присутен во бројни витални органи, вклучувајќи ги белите дробови, срцето, бубрезите и цревата. Ова ги остава подложни на значителни штети, бидејќи вирусот се населува таму и почнува неконтролирано да се размножува.
Ензимниот рецептор се наоѓа во респираторниот, дигестивниот, циркулаторниот, невролошкиот и потенцијално дури и кај машкиот репродуктивен систем. Прелиминарните студии утврдија присуство на вирус во примероци на сперма кај пациенти со ковид-19.
Истражувачи од германски и ирански универзитети известуваат за директен доказ за оштетување на тестисите по корона инфекција. Тие откриле маркери на воспаление во примероци од ткиво на 84 пациенти со ковид-19 од вкупно 189 примероци.
Тимовите го тестирале квалитетот на спермата и барале знаци на оксидативен стрес кај пациентите. Откриле дека воспалението и клеточниот стрес се двојно посилни кај пациенти со ковид-19.
Загрижувачки е што спермата на заразените пациенти е три пати побавна, а бројот на сперматозоиди исто така бил драматично помал.
„Овие ефекти врз клетките на спермата се поврзани со понизок квалитет на сперматозоидите и намален потенцијал на плодност“, рече водачот на тимот Бехзад Хаџизаде Малеки.
„Иако овие ефекти покажаа тенденција да се подобруваат со текот на времето, тие останаа значително зголемени кај пациенти со корона вирус, а степенот на овие промени е исто така поврзан со тежината на болеста“, додаде тој.
Доколку овие откритија бидат потврдени и поддржани од дополнителни истражувања, тоа се заканува да се усогласи со постојните кризи на плодност во многу западни земји. Ситуацијата најверојатно ќе ја влоши неизвесната економска состојба во која заканата од глобална рецесија сè уште виси во воздухот, пренесува „RT“.
Moжеби ќе ве интересира:
АЛКОХОЛ, ЦИГАРИ, ЈАЈЦА И СЕКС: Дали можеме да ги консумираме пред вакцината и колку време по вакцинирањето?