Алек и Хилариа Болдвин открија како ќе се вика новородениот син: Името е со посебно значење
Хилариа и Алек Болдвин на 08 септември станаа повторно родители. Парот има пет деца, а актерот од претходниот брак има уште едно дете. Новородениот син го крстија Едуардо
Пау Лукас Болдвин и на своите обожаватели на социјалните мрежи им објаснија
дека името значи „чувар на мирот и
светлината“. Хилари (36) го роди своето петто дете на 8 септември и сега
го откри името што го избраа заедно со нејзиниот сопруг Алек за своето
новороденче.
Објавувајќи фотографија од нивниот син завиткана во ќебе на Инстаграм, таа напиша: " Ние сме среќни да ве запознаеме со Едуардо Пау Лукас Болдвин. Роден на 8 септември 2020 година во 19:46 часот, а неговото име значи" чувар на мирот и светлината ". Те сакаме драг Еду", напиша мама Хилари.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Познати светски личности кои станаа татковци после 60-та година