Познати светски личности кои станаа татковци после 60-та година

Списокот на холивудски лица кои имаат дете после 60-годишна возраст е долг, но еве некои што можеби не сте ги знаеле. Има такви и од Балканот, а токму денес холивудскиот актер Алек Болдвин преку социјалната мрежа Инстаграм се пошали дека добил син. Актерот на свои 62 години го доби своето 6 дете. Првото дете го доби од неговиот прв брак со актерката Ким Бесинџер, додека останатите 5 деца, ги доби со неговата втора сопруга, 25 години помладата Хилариа.



Фронтменот на „Ролинг Стоунс“, кој моментно има 76 години, стана уште еднаш татко кога тој и балерината Мелани Хамрик се запознаа со Деверек во декември 2016 година. Мик имаше 72 години во тоа време. Ова е осмо бебе на Џегер.


Тој има 77години, а е татко на шест деца. Дрена  и Рафаел деца од неговиот прв брак со Дијан Абот. Тој има и близнаци, Џулијан и Арон, со поранешната девојка Туки Смит. Де ниро и сопругата Грејс Хајтовер се родители на син, Елиот и ќерката Хелен Грејс. Најмалата Хелен Роберт ја доби на 68-годишна возраст.


Дека не беше доцна да се стане татко дури во шеесеттите години, докажа и пејачот на „Бјело дугме“, Жеjко Бебек на кого неговата сопруга Ружица, по синот Звонимир, му ја подари ќерката Катарина во својата седма деценија од животот.


Рекордер секако останува југословенскиот актер Звонимир Рогоз, кој го доби својот син Рафаел на 92 години. Во тоа време, во хрватската берза се шпекулираше дека тој всушност не е биолошкиот татко на детето родено од неговата 56-годишна сопруга Агата, но таа упорно тврдеше дека озборувањата се пласираат од неговите екс љубовници по кои беше познат како еден од најголемите заводници.


Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира: