Спорт // Спорт
Америка во хаос: Муралите на Коби Брајант недопрени
МУРАЛИ посветени на починатиот Коби Брајант и неговата ќерка
останаа недопрени во Лос Анџелес, во рамките на протестите за смртта на
Афроамериканецот Џорџ Флојд. Сопругата Ванеса Брајант на својот
Instagram Story сподели неколку фотографии на кои се прикажани различни мурали
кои се целосно недопрени.
Таа исто така сподели исечок од информативна емисија во кое се гледа зграда во пожар. Новинарот кој извести истакна дека и покрај тоа, муралот на Коби не е уништен ниту овде.
„Тие знаат дека Коби е недопирлив“, напиша Ванеса веднаш на една од фотографиите.