Американски милијардер им дал неочекуван совет на младите: Тргнете се од програмирање, најдете друга кариера - оваа професија веќе не држи вода
На настанот тој зборуваше за иднината на светот во новата реалност на вештачката интелигенција, односно за влијанието што вештачката интелигенција ќе го има врз кариерата во иднина.
Основачот и извршен директор на Nvidia, мултимилијардерот Џенсен Хуанг, еден од најбогатите луѓе во светот со нето богатство од речиси една милијарда американски долари, беше повикан да зборува за иднината што неговата компанија помага да се изгради, пишува Vulcan Post.
Тој беше еден од главните гости на Светскиот владин самит во Дубаи, кој заврши пред неколку дена. На настанот тој зборуваше за иднината на светот во новата реалност на вештачката интелигенција, односно за влијанието што вештачката интелигенција ќе го има врз кариерата во иднина.
Џенсен верува дека мантрата за учење кодирање или учење на децата да програмираат, односно за градење кариера во компјутерската наука, која беше доминантна во изминатите 10 до 15 години, повеќе не „држи вода“.
Додека компјутерските науки и програмирањето некогаш беа многу барани вештини, Хуанг верува дека луѓето сега треба да го префрлат својот фокус на други области на знаење како што се биологијата, хемијата или финансиите.
„Нашата работа е да создадеме таква компјутерска технологија која веќе никој нема да има потреба да ја програмира, односно да го направиме програмскиот јазик. Секој во светот денес е програмер. Тоа е чудо на вештачката интелигенција“, рече Хуанг на самитот на Светската влада во Дубаи.
Иднината на човековата работа, додаде тој, лежи во експертизата, препознавањето и решавањето на предизвиците во областа на производството, земјоделството, градежништвото, образованието, користењето на автономна интелигентна технологија без потреба да се трошат месеци или години за развој на потребниот софтвер.
Така, има повеќе смисла да се специјализирате во одредена индустрија или професија за да се разберат проблемите или можните начини за идно подобрување за потоа да знаете што да барате во вештачката интелигенција, според Хуанг.
Фото:screenshot