Aплицирај за American Express кредитна картичка во септември и одложи го плаќањето во ноември
Силк Роуд Банка во месец септември води промотивна кампања за сите нови примени апликации за American Express Green и American Express Gold кредитните картички.
Сите нови апликанти за картичките во месец септември ќе бидат ослободени од плаќање на минималниот месечен износ за плаќање во наредните два месеци, со направени трансакции со картичите во септември или октомври.
Дополнително, сите нови апликанти за American Express Green кредитната картичка со направени минимум 5 трансакции во месеците септември и октомври се целосно ослободени од плаќање на годишна членарина и за втората година од користењето на картичката.
American ExpressGreen и American Express Gold се револвинг кредитни картичкисо меѓународна важност од брендот American Express. Картичките можат да се користат за купувања во земјата и странство и се вклучени во „Твој бонус“ програмата за поврат на средства.
Повеќе информации за картичката може да добиете во експозитурите на банката, на веб страната www.silkroadbank.com.mk или на телефонскиот број 02/3203-555.