Аплицирајте за VISA Business картичка во декември и добијте подарок од Силк Роуд Банка
Силк Роуд Банка АД Скопје во месец декември започнува со промотивна кампања за VISA Business припејд картичките за правни лица. Со секоја апликација за картичката во месец декември (01.12-31.12.2020 година), корисниците добиваат брeндиран подарок од Силк Роуд Банка.
VISA Business припејд бесконтактната картичка е единствена од ваков типкоја нуди можност за надополнување на истата согласно со потребите на компаниите. Картичката може да се користи за бесконтактни плаќањaпри подмирување на секојдневните службени трошоци на компаниите во земјата и странство, за подигнување готoвина од банкомати и за интернет плаќања, како и можност за одредување на дневен лимит за плаќања кои компанијата самостојно може да ги одреди.
Дополнителна поволност за компаниите е што картичката е без трошоци за годишна членарина.
Подетални информации за оваа кампања за VISA Business картичката на Силк Роуд Банка може да добиете на веб страната www.silkroadbank.com.mkи на профилите на социјалните мрежи, во некоја од експозитурите на банката или на телефонскиот број 02/3203-555.
ПР објава