АСТРОНАУТИТЕ советуваат: Како изолацијата да не ви биде ужас (ВИДЕО)

Според нашите експерти, сите велат исто: Следните две недели ќе бидат клучни во борбата против коронавирусот. Ова значи дека во наредните две недели е неопходно да ги следиме процедурите и да останеме во изолација. Еве што советуваат оние кои го поминуваат целиот работен живот во изолација - астронаутите.

„Никогаш не било полесно да се премине во самоизолација отколку што е денес. Сите имаат пристап до интернет и тоа е пристап до сè - сето знаење и информации, само треба да кликнете“, вели астронаутот Крис Хетфилд.

„Во текот на целата недела, собиравме состојки од пакетите со храна што секој ги сака најмногу и ги остававмеза во петок или сабота за да имаме поубава храна тогаш“, се сеќава на неговите денови како астронаут, Томас Рајтер, првиот германски астронаут во вселената.

"Тоа не мора да бидат работи што обично ги правите. Вклучете се во семејството, започнете нов проект. Научете нов јазик, прочитајте книга, пишувајте, создавајте. Шанса е да направите нешто што досега не сте направиле. И тогаш - повторете", додаде Хетфилд.

Извор Б92