Бањањето во море не е здраво за организмот? Ама барем не се фаќа коронавирус
Инфекции, зарази и ризици
Медицинскиот факултет Екстер и Центарот за екологија и хидрологија направиле истражување во кое било заклучено дека во споредба со непливачите, шансите за развој на болки во ушите кај пливачите е поголем за 77 отсто.
Покрај за пливање во море, ризиците се однесуваат и за сите спортови во вода.
„Во богатите земји како Британија постои перцепција дека постојат малку здравствени ризици поврзани со времето поминато во море“, вели докторот Ен Леонард.
„Спротивно на тоа, нашата работа покажува дека времето поминато во море ја зголемува веројатноста за развој на болести на ушите и проблеми со дигестивниот тракт, болки во стомакот и пролив. Сметаме дека тоа покажува на кој начин загадувањето влијае на пливачите во некои од најбогатите земји“, додава тој.
Доктор Вил Гејз, кој исто така бил дел од истражувањето, вели дека ова истражување нема за цел да ги одврати луѓето од одење на море, кое секако има бројни здравствени бенифити, со тоа што ја подобрува физичката кондиција и го поврзува човекот со природата.
Како што вели тој, поголемиот дел од луѓето ќе заздрават од инфекции без никакво лечење, но тие можат да бидат сериозни за одредени ранливи групи, како што се постари лица и мали деца.
„Многу напреднавме кога е во прашање отстранување на загадувањето од морињата, но нашите докази покажуваат дека е уште имаме многу работа на тој план. Се надевам дека ова истражување ќе придонесе кон понатамошни напори за отстранување на нечистотијата од морињата“, објаснува доктор Вил Гејз.
Неодамнешните истражувања потврдија дека во море или во езеро не може да се пренесе коронавирусот, нешто кое е една од светлите точки во ковид ситуацијата.
Тоа не значи дека не треба да бидеме заштитени кога влегуваме во водата. Постојат одлични гелови за тело специјано наменети за во вода кои не дозволуваат бактерии да се лепат на нашето тело.