БАРБАДОС: Зошто барем една Нова година треба да ја дочекате таму

 Секој човек со малку подлабок џеб, особено оние со свои приватни јахти, знае што да очекува ако се упати за Нова година кон Св. Барт…

Сепак, оние што претпочитаат прослави со не толку гоеми помпи, не можат сосема да ги исполнат своите очекувања. Се разбира, има место што ќе им понуди се што им треба, а тоа е Барбадос со својата спектакуларна марина и врвни резиденции. Според локалното население, новогодишниот ден во Барбадос е нешто поразлично од она што сте навикнале.

Според традицијата, од стара година се збогува на плажата, а пред тоа многу гости ја посетуваат бањата и уживаат во сите придобивки. Зајдисонцето тука е повеќе од спектакуларно, со гурманските јадења подготвени од шефот, а следува и  огномет.

Многумина, исто така, уживаат да чекаат изгрејсонце на плажа или на нивна приватна јахта, и, генерално, забавите во Барбадос траат од самрак до зори. 

Убавината на Барбадос може да се опише и по бројот на неговите врвни ресторани, во кои има мајстори- горвачи од Лондон, Њујорк или Лос Анџелес, со голем број ѕвезди на Мишелин.

Природата што ќе ја најдете тука ќе ве воодушеви со својата убавина, мириси, ароми и магија, додека беспрекорните и диви плажи ќе ве натераат да посакате на 31 декември на полноќ дека сте Робинсон Крусо, кој никогаш не мора да се враќа во цивилизацијата.