Барнли и Чурлинов го добија најатрактивниот противник во четвртфиналето на ФА Купот

Дарко Чурлинов и Барнли го добија Манчестер Сити  за противник во четвртфиналето на ФА Купот.

Барнли игра одлично, Чурлинов се врати во тимот против Флитвуд Таун, доби за игра можност околу 20 минути.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

Манчестер Сити - Барнли
Манчестер Јунајтед - Фулам 
Брајтон - Гримзби Таун
Шефилд Јунајтед - Блекбурн

Од претходно е одредено дека  полуфиналните дуели и  финалето ќе се одиграат на  „Вембли“.