Бесчуствителен милијардер: Гефен се пофали со изолација на јахта од 590 милиони долари

Во беспомошно време како ова во кое сега се наоѓаме, последното нешто што ни треба се нечувствителните луѓе кои се фалат за своето богатство ...

Сепак, токму тоа го стори продуцентот на музиката и милијардерот Дејвид Гефен, кој скоро објави непромислени коментари и искривено прикажување на солидарноста на социјалните медиуми. 

Како и многу луѓе што споделуваат фотографии од животот во самоизолација на Инстаграм, и Гефен на својот профил објави селфи направено на јахта од 590 милиони долари, наречена Rising Sun. Според неговата изјава: „Изолирани во Гренадини, го избегнувам вирусот. Се надевам дека сте сите безбедни “.

И покрај неговите навидум добри намери, Гефен се соочи со бројни критики. Луѓето го нарекуваа бесчувствителен и дрзок, додека други се прашуваа зошто тој не им даде дел од своите пари на исцрпени медицински професионалци наместо да се фали за неговото богатство.

Покрај коментирањето на социјалните медиуми, Гефен не помина добро и со телевизијата, каде многу луѓе коментираа дека е навистина одвратно објавувањето на овие слики, со оглед на недостаток на респиратори во неговата земја, каде медицинските работници користат кеси за ѓубре како заштита од вирусот и маск коии тие сами ги шијат.


Гефен одговори на сите коментари со тоа што ја претвори неговиот профил приватен.