БЕЗ ЕДНОКРАТЕН НАДОМЕСТОК ДО 31.05.2020 ГОДИНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО БАНКАРСТВО ОД СИЛК РОУД БАНКА
Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите корисници на електронското банкарство за физички лица дека го продолжи промотивниот период до 31.05.2020 година, без еднократен надоместок од 500 денари за користење на можноста за вршење на електронски трансакции преку компјутер или мобилен телефон.
Со користење на електронското банкарство сите плаќања во државата и странство, плаќања на режиски трошоци и фактури може да се вршат од дома во било кое време без потреба од посета на експозитура на банката.
За клиентите кои имаат потреба од посета на експозитурите на банката, во периодот на важност на полицискиот час и мерките на Владата, сите експозитури на банката (освен експозитурата во Кисела Вода која е привремено затворена) работат со ново работно време од 08:00 до 14:00 часот.