Бисерка откри огромна тајна: Дражен Петровиќ бил во врска со сплитската дива

Семејството на кошаркарската легенда Дражен Петровиќ деновиве славеше двоен јубилеј – Јоле и Бисерка Петровиќ прославија 60 години од нивниот брак, а нивниот постар син Александар го славеше својот 60ти роденден.

Зборувајќи за трагичната смрт на Дражен, Бисерка Петровиќ ги изненади сите присутни откривајќи тајна за неговиот љубовен живот.

„Јавноста ништо не знае, но Дражен и Дорис едно кратко време беа во љубовна врска“, кажала Бисерка Петровиќ, притоа мислејќи на сплитската пејачка Дорис Драговиќ, пишува „Слободна Далмација“.

Така, мајката на Дражен после 26 години од неговата смрт ја откри добро чуваната естрадна тајна. Љубовниот живот на кошаркарскиот виртуоз кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години од минатиот век беше главна тема на југословенските таблоиди, па така е и познато дека тој и Сања Долежал кратката и медиумски пратена врска ја прекинаа токму поради преголемиот интерес на јавноста и притисокот кој следел со него.

Инаку, Дорис Драговиќ го запознала својот сопруг, капетанот на сплитскиот ватерполо клуб „Јадран“, Марио Будимир во 1989 година. За нејзиниот љубовен живот, пред врската и бракот со Марио досега малку се знаеше, се додека не проговори Бисерка.