Битола ќе „гори“, разврска за титулата, Еурофарм Пелистер или Вардар

Еурофарм Пелистер го пречекува Вардар, средба од која се зависи во домашниот ракометен шампионат, победникот ќе биде шампион на Македонија. 

Пред полни трибини, тимот од Битола се надева на враќање на ракометната шампионска титула по пауза од 17 години.

Вардар како актуелен шампион и тим со многу искусни играчи, се надева на одбрана на трофејот.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ го има целиот тим на располагање, изразит фаворит нема,  вечерва ракометна Битола ќе „гори“, средбата започнува од 19 часот.